ЦеПроСАРД иницира формирање кластер за зелена енергија

Bez autora
Nov 15 2012

Претставници на бизнис секторот, експерти и консултантски куќи кои работат во областа на обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност иницираат формирање кластер за зелена енергија. Идејата, како што беше речено на семинарот во Стопанската комора, ќе се реализира преку проектот Агроенергијаа што го имплементира Центарот за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој - ЦеПроСАРД. Во рамки на Агроенергијаа се формира база на субјекти, околу 100, кои се заинтерсирани за прзентација на својата работа и начинот на давање услуги, како и за продолжување, но и интензивирање на активностите меѓу кои, еден дел, отпаѓа и на истражувањето. Станува збор за помали приватни бизниси, консултантски фирми и стручни лица.

ЦеПроСАРД иницира формирање кластер за зелена енергијаПретставници на бизнис секторот, експерти и консултантски куќи кои работат во областа на обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност иницираат формирање кластер за зелена енергија.

Идејата, како што беше речено на семинарот во Стопанската комора, ќе се реализира преку проектот Агроенергијаа што го имплементира Центарот за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој - ЦеПроСАРД.

- Во рамки на Агроенергијаа се формира база на субјекти, околу 100, кои се заинтерсирани за прзентација на својата работа и начинот на давање услуги, како и за продолжување, но и интензивирање на активностите меѓу кои, еден дел, отпаѓа и на истражувањето. Станува збор за помали приватни бизниси, консултантски фирми и стручни лица - изјави Светлана Петровска, менаџер на ЦеПроСАРД.

За формирањето на кластерот, ЦеПроСАРД очекуваа институционална поддршка, пред се од ресорните министерства, за земјоделство, за животна средина и за локална самоуправа.

- Кластерското здружување е одлична можност за координирање на планираните активности зашто најчесто субјектите-членки се помали компании или организации чии ресурси се ограничени. Тоа воедно обезбедува и поголема конкурентност - рече Матс Јохансон, шведски експерт за енергетска ефикасност, кој пред присутните ги пренесе искуствата од својата земја.

Освен финансиски средства, за ефикасно функционирање на кластерите, нагласи Јохансон, е неопходен и капитал од аспект на кадри, човечки ресурси.

- За опстојување и квалитетно функционирање на кластерите треба многу сериозно да се работи, комуникацијата меѓу субјектите да биде постојана, да се остваруваат и негуваат контактите, да се планираат и координираат активностите во рамки на претходно утврдени временски рамки - порача експертот од Шведска.
Ваквиот тип здружување, додаде тој, има поддршка од администрацијата на регионално ниво и од Европската унија.

Проектот Агроенергијаа што се имплементира од 2008 година ги промовирашње одржливите практики за користење обновливи извори на енергија и подобрување на енергетската ефинасност на фармите и останатите субјекти во руралните средини во Македонија. Изготви студии за расположливоста на ресурсите, ја истражуваше заинтересираноста на домашните производители за ваквиот концепт, реализира обуки за повеќе целни групи,...

Користењето сончева енергија за сушење зеленчук и овошје, како и земјоделски и шумски отпад за производство на брикети и пелети беа само дел од проектните активности.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik